|
Има многу вообичаени грешки кои често ги прават паровите кои се подолго време заедно. Всушност сите ние понекогаш си тераме по свое и грешиме, но претерувањето може многу лесно да ја уништи врската. Кои се најчести грешки во врските?
1. Претерана љубомора
Досега многу пати е зборувано за тоа колку претераната љубомора може да и наштети на врската. Едно е кога љубомората доаѓа во „мали количини“ и може да ја зачини врската, а сосема друго е кога истата ќе излезе од контрола.
Претераната љубомора и штети на врската, но и на здравјето. Порано или подоцна партнерот/ката, кој/а е под притисок на неконтролираната љубомора од другата страна, ќе се скрши, а последиците се неизбежни.
Тогаш жртвата на неконтролираната љубомора неизбежно ќе замине или пак ќе побара утеха во некоја друга личност полна со разбирање.
2. Сексот како оружје
Ако тој и подари нешто што на неа многу и се допаѓа, тогаш таа со денови е максимално расположена за секс. Но, ако тој и даде комплимент на нејзината пријателка, тогаш таа со денови одбива секс.
Тоа е она што се нарекува сексуална манипулација. На мажите ваквиот однос многу брзо им здосадува, па бараат нова партнерка.
3. Константно критикување
Критикувањето во разумни граници може да доведе доподобрување. Но, критиката е многу деликатна работа, а посебно ако се претера.
Ако тој/таа работи постојано и никогаш не е тука за да ги исполни вашите желби и потреби, не го критикувајте постојано. Ако тој/таа е под постојан притисок дека ништо не прави како што треба, резулататот ќе биде незадоволувачки.
Затоа бидете тактични и умерени, критикувајте разумно и во одбрани моменти и извлечете го најдоброто од него/неа.
4. Без претерување
Премногу контрола, премногу емоции, премногу прашања, премногу мешање во неговиот/нејзиниот живот, работа, дневен распоред...сé што е премногу е штетно за врската.
Секому е потребен сопствен простор и време, па затоа не претерувајте и дајте му/и на партнерот/ката да дише. Во спротивно многу брзо ќе посака да се ослободи од вас.
5. Против сопствена желба
Ако вашиот партнер не сака да оди на шопинг со вас, разумно е да го оставите да прави што сака. Никој не може постојано да прави нешто што другиот го очекува од него, против своја волја. Затоа не форсирајте.
Жените се склони кон манипулација за да го добијат тоа што сакаат, но долгорочно гледано таквото однесување може да биде многу штетно за врската.
_________________
In order to be irreplaceable one must always be different
|