Сега е точно : 05 Сеп. 2010 22:58

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




 Страна 11 [ 1на тема ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Што значи твојата омилена боја?
ТемаИспратено: 30 Jул. 2010 13:44 
Романтично прваче
Членски аватар

Регистриран: 03 Дек. 2009 17:17
Мислења: 535
Одберете ја Вашата омилена боја (црвена, портокалева, жолта, зелена, сина, виолетова, розева, бела или црна) и дознајте што значи:

ЦРВЕНА
Значење: Цврстина, сила, моќ, контрола, лидерство. Потикнување, топлина, возбуда. Добро здравје, физичка сила, љубов, секс, страст, заштита, храброст. Раѓање, живот и смрт, вулканска ерупција. Црвената е „главна“ боја застапена во многу растенија и препарати кои имаат затоплувачки и стимулативен ефект, како црвен бибер, каранфилче или мускат.
Карактеристики: Оној што ја сака црвената боја, изразуваат многу карактерни црти. Позитивните се страсност, енергија, „правење“ пари. Темната страна на љубителите на црвената боја е таа што може да имаат склоност кон зависности, нарушувања во исхраната или емоционална нестабилност. Ако покрај црвената се динамични луѓе кои сакаат живот на отворено. Силните емоции се карактеристични за оние кои ја сакаат потемната црвена боја – тие, едноставно, ви пренесуваат енергија. „Црвените“ луѓе се заводливи. Мажите обично ги привлекуваат жени облечени во црвено, без разлика каков им е физичкиот изглед. Деловните луѓе кои носат црвено на состаноци, така демонстрираат моќ. Тие копнеат за внимание. Љубителите на црвената боја се енергични и витални. Може да имаат и избувлив карактер, но можат и брзо да се смират. Делуваат како сезнајковци, бидејќи имаат одговор на секое прашање. Се сакаат да прават во брзање и во можност се брзо да си ја вратат загубената енергија.
Овие личности делуваат моќно и убедителни се, но не се добри за лидери. Според соодветна насока, тие можат да создадат следбеници и не им е проблем да направат што било, само за да ја постигнат целта. Помалку се и плашливи, па нивното внимание може да биде ограничено. Брзо размислуваат, ведри се и во состојба се добро да се сосредоточат кога е потребно.


ПОРТОКАЛОВА
Значење: Ова е боја на природата – топла, охрабрувачка, влева доверба. Охрабрува, помага при концентрација, привлекува и поттикнува.
Карактеристики: И „портокаловите“ сакаат живот на отворено, во движење се и сакаат спортови. Природата ги освежува и им го поправа расположението. Тие ги сакаат и растенијата и животните и ги препознаваат луѓето со слични склоности. „Портокаловите“ се добри пријатели и сакаат да успеат кога работат со земјоделство, фарма, лов или професионални спортови.
Тие понекогаш знаат и да ве разлутат, но тоа не им трае долго бидејќи се главно, фини, културни. Сепак, не е паметно да ги „притиснете“ до ѕид, бидејќи тогаш стануваат опасни. Се смета дека се добри љубовници, бидејќи ќе направат се за да го задоволат партнерот. Правдољубиви се и сакаат да ги поддржат губитниците. Многу се зборлести и гласни и не се плашат за што било да го изразат нивното мислење. Учат од минатите грешки и свесни се за опкружувањето. Сигурни се во она што го сакаат и мислат дека го заслужуваат најдоброто.


ЖОЛТА
Значење: Памет, мудрост, доверба, комуникативност, динамичност, слаткоречивост. Привлечност, убедливост, доверливост и шарм. Жолтата е главната боја на растенијата и препаратите кои делуваат поттикнувачки врз нервниот систем, како што се фикусот и рицинусовото масло.
Карактеристики: Жолта е бојата на Буда и неговите следбеници. Од „жолтите“ можат да произлезат добри водачи, а тие се и методични и решителни. Прво анализираат, па преоѓаат во акција.
Расположени се да работат и творат и сакаат да се образуваат. Го користат умот за да стигнат до целта, сакаат игри и имаат талент за шах. Можат да бидат тврдоглави и да предизвикаат сомневање. Кукавичлукот е нивната најлоша особина.
„Жолтите“ прво ќе ги согледаат можните последици, пред да донесат одлука. Можат да си ги потиснат емоциите кога се под стрес, верувајќи дека искажувањето емоции е знак на слабост и не сакаат слабоста да им ја види некој друг. Имаат мал круг вистински пријатели кои се слични на нив. Иако имаат пријатели, најмногу си веруваат самите на себе. И мажите и жените сакаат да изгледаат добро и постојано се дотеруваат.


ЗЕЛЕНА
Значење: Стабилност, хармонија, мирољубивост, смиреност, ведрина. Пари, среќа, успех, напредок, вработување, плодност, лекување, раст, соработка.
Карактеристики: „Зелените“ луѓе „хранат“ и поттикнуваат. Сакаат да помогнат, да излечат, па често пати за професија ја бираат медицината или социјалната работа. Имаат дарба да ве сослушаат и знаат да чуваат тајни. Сакаат да набљудуваат и анализираат, па добро се снаоѓаат во психологија и психијатрија, како и во кадрови работи и советување. Можат да ја согледаат работата од повеќе страни и ги почитуваат сите позиции.
„Зелените’ се однесуваат кон вас онака како што сакате. Сакаат мир и хармонични односи, па природно се надарени за пацифизам. Во нивните домови е удобно и топло за посетителите. Оние што сакаат потемна зелена се позагрижени за животот на другите. Понекогаш помагаат на други за да самите се чувствуваат подобро. Бидејќи понекогаш претеруваат во помагањето, па мора да научат да ја избегнуваат позицијата на жртва.
Се собрано, „зелените“ се одлични пријатели, грижливи и доверливи. Излишно е да се споменува дека се љубители на цвеќе и миленичиња.


СИНА
Значење: Љубов, хармонија, посветеност. Лекување, мир, физичка сила, трпеливост, среќа. Симбол на океан, небо, самрак, сон.
Карактеристики: Ова се емотивни луѓе, затворени во себе. Немаат обичај да им веруваат на другите и внимателно ги набљудуваат. Посветлата сина симболизира посветеност и израз е на оние што сакаат се да биде средено. Љубителите на потемна сина се помеланхолични, па оттаму и е роден терминот “блуз“ (the blues). Љубителите на „тенџере“ сината боја изразуваат длабоки емоции. Тегет бојата им е омилена на оние што се почувствителни, но сакаат да се прикријат.Понекогаш, во екстремни случаи, стануваат опседнати. Плачат кога се среќни или тажни.Лесно можат да проценат други луѓе, без оглед во кокво расположение се во моментот. „Сините“ не можат да изразат многу емоции. Бараат емоции од другите, па со нив може да се чувствувате непријатно кога очекуваат сожалување од вас. Премногу сина боја наоколу предизвикува депресивно расположение, па потребни се и други бои за рамнотежа.

ВИОЛЕТОВА
Значење: Благородност, духовно достигнување, чест и самодоверба. Магнетизам, моќ, духовност, лекување, медитација, религиозност. Медицински, ги лади нервите и дејствува антисептички.
Карактеристики: „Виолетовите“ настојуваат да се подобрат духовно, ментално и емоционално. Постојано се во потрага по знаење. Сакаат силна духовна поврзаност, религија и теологија. Сакаат и на другите да им помогнат во потрага по духовното.
Перфекционисти се и самокритични. Во екстремен случај, оние кои сакаат придушена виолетова се помалку „забегани“ во религиозните склоности.
Љубителите на потемна виолетова се трудат да најдат внатрешен мир и да се поврзат со Господ. Знаат да бидат добри пријатели бидејќи не бараат премногу за себе. Ако и се случи да побараат помош, а не се јасни во желбата, може да негодуваат ако не им помагате. Помагачите не сакаат луѓе со обратни особини.


РОЗОВА
Значење: Мир, љубов, пријателство, релаксација. Нежни емоции. Надмината тага, чест, пријателство, успех.
Карактеристики: Луѓето кои ја сакаат розевата боја обично бараат или веќе уживаат во спокојство. Постојано се насмеани што понекогаш ги иритира оние кои не се такви. Овие луѓе на сите им го мислат доброто и воопшто, ги сакаат луѓето. Ако не веруваат дека некој е, длабоко во душата, добар човек, тогаш да знаете дека се во право.
„Розевите“ се многу интелигентни. Истражуваат, проучуваат, анализираат пред да преземат некоја акција. Тоа можеби ги забавува резултатите, но тие се многу методични во размислувањето и вредно работат.
Некогаш се претерано оптимисти – толку позитивно го гледаат светот, што тоа често зачудува. Обично изгледаат помлади од нивната возраст.
Срамежливи се и сакаат да имаат повеќе храброст, но повеќе сакаат да не направат грешка, отколку некој да ги осуди. „Розевите“ го користат хуморот за да ги усреќат другите луѓе и сакаат досетки.


БЕЛА
Значење: Заштита. Прочистување, свежина, потенцијал. Духовна сила, верба, вистина и искреност. Белото значи светлина, освежува и одмора. Помалку или повеќе, таа е дел од сите бои.
Карактеристики: Белото значи чистота, снег, светлина. Наспроти надворешноста, оние кои ја сакаат белата боја може да имаат маани кои се невидливи за другите.
Тие ги набљудуваат другите и се прикриваат во сопствената околина, се сметаат себеси за посебни личности. Понекогаш оставаат погрешен впечаток дека се срамежливи, чекајќи да бидат забележани.
Без оглед како се однесуваат, овие луѓе покажуваат невиност. Настојуваат да бидат среќни со сопствената процена. „Белите“ не се расположени да зборуваат за нивните убедувања иако цврсто се држат за нив.
Имаат самодоверба и свесни се за нивните можности, што не значи дека не ги ценат другите. Самодовербата е дел од нивната индивидуалност и тоа може да биде позитивен или негативен придонес зависно од личноста.


ЦРНА
Значење: Негативност или отстранување на негативноста. Надворешен простор, ноќ, веселена. Плодност, мудрост, тага, бдеење, загуба, смрт, збунетост, страв и зло. Црната боја всушност е не е боја туку отсуство на бои и светлина.
Карактеристики: „Црните“ личности се методични, луѓе кои сакаат сè да прават до детали. Добри се за сметководители, инспектори и наплатувачи. Секогаш го завршуваат започнатото. Иако не се лидерски типови, вредно работат на решението на секој проблем. Сакаат да пронаоѓаат туѓи грешки и обожуваат сложувалки.
Овие луѓе обично ги држат чувствата во себе и не сакаат да се отворат. Одредуваат граница меѓу нив и другите и сметаат дека така се заштитени. Иако сакаат да бидат дел од светот што ги опкружува, сепак не покажуваат емоции.
За многумина, црната е „удобна“ боја и кога е неоходно, дозволува да се сокријат од светот. Лошите аспекти на црната потекнуваат од толкувања во некои минати времиња (црна магија, сатанизам). Некои луѓе пак мислат дека црната е најелегантна боја, дека секому му стои добро и како таква, најсоодветна за свечености е облеката во црна боја.
Иронично е тоа што црното се носи и на погребни церемонии, скоро исто толку колку и на веселби од типот на свадби, родендени и сл.

(Доколку не можете да прочитате само маркирајте го текстот)



_________________
If you ever live to defeat, don t let a tear to shine on your cheek because harsh people on ruins your chance to build memories of their victory
Отсутен
   
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
 Страна 11 [ 1на тема ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови и 1 гостин


Вие не може да поставите нова тема на овој форум
Вие не може одговорите на теми на овој форум
Вие не може да промените мислења на овој форум
Вие не може да го бришите вашето мислење во овој форум
Вие не може да ставате атачменти во овој форум

Барај за:
Оди до:  

cron